Кардиолозите предупредуваат: Ова е најлошата навика за вашето срце

Точка

09/03/2025

11:42

1.950

Големина на фонт

а а а

Исто како што инвестирате во вашата финансиска иднина, инвестирањето во здравјето на вашето срце носи долгорочни придобивки. „Како што имате пензиски фонд, така треба да имате и здравствен фонд“, рече кардиологот д-р Махеш Текривал за „Parade“.

Тој нагласи дека е од клучно значење да се усвојат здрави навики уште во 30-тите и 40-тите години, но и подоцнежните промени можат значително да го подобрат здравјето на срцето. Една од најштетните навики што ги истакна како приоритет за прекин е прекумерното седење.


Според кардиологот Д-р Ригведа В. Тадвалкар, „предолгото седење е една од најштетните навики за срцето“. Дури и луѓето кои редовно вежбаат може да имаат седентарен начин на живот ако остатокот од денот го поминат неактивни. Д-р Текривал предупреди: „Седентарниот начин на живот може да доведе до зголемување на телесната тежина, слаба циркулација, висок крвен притисок и зголемен ризик од срцеви заболувања“.

Затоа, кардиолозите препорачуваат едноставни начини за зголемување на физичката активност. Кардиологот Д-р Бредли Сервер предлага пешачење, возење велосипед, пливање или градинарство како едноставни форми на активност. Текривал додаде: „Станете и танцувајте, правете домашни работи – само движете се!

„Вистинската промена доаѓа од одржливи, секојдневни избори“

За оние со канцелариски работни места, Д-р Тадвалкар советува да прават кратки паузи за истегнување, стоење за време на повиците и користење на стоечко биро бидејќи е важно да се намали континуираното седење, и да не се потпираат на само еден тренинг дневно.

Покрај седењето, д-р Текривал истакнал дека пушењето, лошата исхрана, хроничниот стрес, прескокнувањето на медицински прегледи и негативниот начин на размислување се клучни фактори кои го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања. „Пушењето го зголемува ризикот од згрутчување на крвта и го намалува протокот на крв во срцето, додека лошата исхрана богата со заситени масти и сол го зголемува крвниот притисок и холестеролот“, објасни тој.


Тој, исто така, предупреди дека постојаниот стрес може да го зголеми крвниот притисок и да предизвика воспаление, додека прескокнувањето на редовните прегледи може да доведе до доцно откривање на здравствени проблеми.

Промената на вашиот начин на размислување е клучна за долгорочното здравје на срцето. „Луѓето често бараат брзи решенија, но вистинската промена доаѓа од одржливите, секојдневни избори“, заклучи д-р Сервер.