Што е страв од летање и може ли да се надмине?

Точка

07/03/2025

11:39

1.874

Големина на фонт

а а а

Фобиите се тешки за разбирање, а честопати е тешко и да се објаснат на луѓето кои ги немаат, или барем така мислат. Причината треба да се бара во психата, таа често се крие додека не се соочиме „лице в лице“ со ситуација поради која почнуваме да чувствуваме страв, кој влијае на нашето расположение и реакциите во нашето тело.

Стравовите настануваат во нашата психа, тие можат да бидат чести, секојдневни, ирационални – долга е листата која ја наведуваат истражувачите кои се занимаваат со оваа тема.

Фобијата „прекумерен и ослабен страв“ може да се однесува на предмети, места, ситуации, чувства.


Меѓутоа кога зборуваме за патувањата, треба да се истакне дека стравот од летање може да биде сериозен. За некои тоа е ужасно искуство, а некои помислуваат дека ќе умрат во воздух, што означува аерофобија.

Што е стравот од летање?

„Стравот од летање е ирационален, заснован на метафора: авионот е опасно окружување кое треба да се избегнува“, објасни психологот д-р Марк Раклеј, додавајќи дека личноста со оваа фобија мисли дека сите авиони се опасни, што предизвикува страв кој нашиот мозок го регистрира.

Мозокот потоа создава искривена слика за летањето – авион кој ни се заканува, што предизвикува анксиозност и необјаснив страв, истакна психологот.


Кои се симптомите на аерофобија?

„Овој тип на фобија е сериозен, а летањето се поврзува со смрт. Симптомите вклучуваат прекумерна загриженост, анксиозност и паника поради летање. Не успеваме да се соочиме со смртта и заканата, па реагираме со страв кој преминува во фобија. Затоа при качувањето во авион, лицето кое има фобија може да почне прекумерно да се поти, да дише забрзано, да чувствува мачнина и да има напад на паника“, рече д-р Раклеј.

Според некои истражувања, аерофобијата погодува еден од десет луѓе во Велика Британија.


Можете ли да се надмине стравот од летање?

Постојат неколку начини да се намали страдањето или да се излечи стравот од летање. Специјализираната когнитивна терапија е најдобриот начин за лекување на стравот од летање. Третманот се заснова на емоционалната страна на мозокот. Кога ќе се создаде стравот, нашата рационална страна се претвора во мисли засновани на страв. Заболениот различно го поврзува летањето и чувството при летањето во мозокот.

„Во текот на сесиите се фокусираме на потеклото на стравот – истражуваме од каде доаѓа стравот. Стравот се намалува ако патникот има повеќе информации, па така стекнува самодоверба“, нагласи д-р Раклеј.


Хипнотерапијата е докажана форма на терапија за справување со стравот од летање, и подразбира работа со професионалец кој помага да се надмине стравот.

Постојат неколку различни начини и техники за користење на хипнотерапија за лекување на аерофобија. „Хипнотерапијата може да помогне бидејќи мозокот не ја препознава разликата помеѓу имагинацијата и реалноста“, објасни Пени Линг, член на Здружението за хипнотерапија, во САД.

Лекување со помош на истите ритуали

Друг метод за намалување на стресот или анксиозноста при летање е – форма на контрола – им овозможува на патниците да се чувствуваат како да се на познато место или ситуација и затоа го намалува стравот поврзан со патувањето со авион.

„Ја слушам истата песна секогаш кога ќе полетам, тоа ми помага да се смирам. Има нешто во тоа што имам ритуал кој прави да се чувствувам како да држам сè под контрола. Исто така, сакам да ги гледам стјуардесите како се движат низ авионот, тоа ми ја враќа храброста“, изјави една жена која се лекува со ваков вид терапија.


„Создавањето ритуали може да биде клучно во борбата против аерофобијата. Ритуалите можат да обезбедат чувство на контрола, удобност и предвидливост во ситуации кои предизвикуваат анксиозност“, рече Менсур Сораја, професор по хипнотерапија.

Визуализација и техники за релаксација како што се вежби за длабоко дишење; подготовка пред лет со задачи; учење на тајните на летањето со демистификација на искуството или зајакнување на позитивните мисли за летањето и способноста на заболениот да се справи со тоа, советува професорот.

Неколку авиокомпании нудат курсеви за да помогнат да се надмине стравот при летањето. Секоја година, безбедносните процедури се подобруваат и се развиваат техники кои даваат приоритет на безбедноста, од обука на пилоти и регулативи до прогнози. Овие курсеви можат да помогнат во борбата против стравот од летање.