Манчестер Сити ја прекина својата лоша резултатска серија и успеа да слави на гостувањето на „Кинг Пауер“, триумф кој е само втор за „граѓаните“ на последните 14 натпревари.
Сити го победи Лестер со 0:2 на натпревар на кој лошата форма ја прекина и Ерлинг Халанд, бидејќи Норвежанецот беше тој кој ги постави конечните 0:2.
Напаѓачот биеше прецизно со глава по додавањето од Савињо и ги неутрализираше налетите на Лестер кој тргна по израмнување, па така Сити се избори за далеку помирна завршница.
🎶 "Tenemos a Guardiola, tenemos a Guardiola" 🎶
— DAZN España (@DAZN_ES) December 29, 2024
El gesto de Haaland 👏🏻
El beso a su gente 🩵
El cántico de una afición que le adora 🙌🏻
Pep Guardiola es el Manchester City. El Manchester City es Pep Guardiola. pic.twitter.com/KSawEzf35x
Оваа победа сигурно ќе направи Сити да има далеку помирни новогодишни денови со оглед на очајните резултати во последно време, а крајот на натпреварот ни донесе и една сцена која стана вирална.
Ерлинг Халанд и Пеп Гвардиола си ги променија улогите во дадената ситуација, бидејќи напаѓачот беше тој што му издаде наредба на менаџерот да оди да ги отпоздрави навивачите.
Гостинските фанови во тој момент му ја посветуваа омилената песна на својот менаџер, па ова само покажува каков статус ужива Пеп во Манчестер и покрај лошата резултатска криза во која западна.