Фудбалер на Барселона првпат најави можна разделба: Ако не можам да помогнам…

Дерби

02/01/2025

12:54

1.376

Големина на фонт

а а а

Барселона е топ тема во шпанските медиуми поради неможноста да го регистрира Дани Олмо за вториот дел од сезоната, а раководството бара начин како да ги обезбеди потребните услови за реактивирање на шпанскиот репрезентативец.

Излезните трансфери се дел од солуциите, па иако досега немаше такви шпекулации, се појави една изјава која навестува дека Барса може да се ослободи од еден од фудбалерите со најголеми плати во првиот тим.

Френки де Јонг во изјава за холандски медиум нагласил дека ќе размислува за заминување, ако сфати дека веќе не е во состојба да му помогне на својот актуелен клуб.

– Луѓето мислат дека сакам да останам тука вечно бидејќи и животот надвор од фудбалот е преубав.

– Тоа е точно, но најважно е она што се случува на теренот. Ако почувствувам дека веќе не можам да помогнам соодветно или екипата не е доволно конкурентна, ќе заминам од Барселона.

– Искрено, не очекував дека за толку долг период ќе имам освоено само по еден трофеј во Ла Лига, купот и Суперкупот. Но, тоа не може да се предвиди, – изјавил Де Јонг.