Детроит оствари важна победа над Орландо пред своите фанови, но натпреварот помина во сенка на сериозната повреда која ја заработи Џејден Ајви.
Одличниот кошаркар на Пистонс настрада по невообичаениот старт на Кол Ентони, па по долга лекарска интервенција е изнесен на носилка и сега веројатно ќе го очекува подолга рехабилитација.
Jaden Ivey left game in stretcher after apparent leg injury. Hope he's ok 🙏 pic.twitter.com/tBiVOScskm
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 2, 2025
Ајви заработи повреда на долниот дел на ногата, а Ентони чиј старт го предизвика малерозниот момент не можеше да ги сопре солзите во моментите кога тој и сите останати играчи немо ги следеа потезите на лекарскиот тим на теренот.
Cole Anthony looked visibly distraught after a hustle play for a loose ball led to Jaden Ivey getting injured.
— SpursRΞPORT (@SpursReporter) January 2, 2025
pic.twitter.com/pVBhb8BiDy https://t.co/rrkgAkKZ9F
Голем број НБА фанови реагираа жестоко на потегот на играчот на Орландо, барајќи суспензија за него бидејќи потегот кој го направил нема никаква врска со кошарката.