Челси никако не може да се „откачи“ од играч со неделна плата од 190.000 фунти

Дерби

02/01/2025

10:59

1.786

Големина на фонт

а а а

Резултатите кои ги постигна Челси во последниот период од 2024 година покажа дека екипата веројатно се движи во вистинска насока и менаџерот Енцо Мареска добро се снаоѓа со подмладениот ростер на премиерлигашот.

Сепак, тоа не значи дека клубот ги решил сите проблеми со големиот број играчи кои не се во комбинација за настап, вклучувајќи ги и оние кои добиваат огромни плати, а воопшто не играат на натпреварите.

Во моментов, проблем број еден за Челси е Бен Чилвел, искусниот бек кој заработува 190.000 фунти неделно и ги фрустрира челниците на клубот со својата ситуација.

Одамна беше јасно дека Чилвел не е во плановите на Мареска, но тој си има важечки договор и реши да остане во Лондон бидејќи не пронајде соодветна комбинација за посакуван трансфер.

Таблоидот „Сан“ пренесува дека Чилвел и во јануари ќе биде на трансфер листата, но многу е веројатно дека нема да менува ништо до јуни, додека истовремено заработува одлично како „гледач“ во редовите на Челси.

Пример за трошоци кои ја оптоваруваат клупската каса на „сините“ е и тој со Рахим Стерлинг, бидејќи Челси неделно плаќа 200.000 фунти за играчот позајмен во Арсенал, а чија вкупна плата е 300.000 фунти неделно.