Новак Ѓоковиќ обезбеди сигурна победа на првиот настап на АТП турнир во 2025 година, победувајќи го Гаел Монфис на турнирот во Бризбејн.
Српскиот тенисер немаше проблеми против својот „редовен пациент“ и успеа да го совлада во два сета, односно со резултат 6:3/6:3.
Мечот траеше 75 минути, а на Ѓоковиќ му беа доволни три брејка за да ги обезбеди двата сета и да го потврди пласманот во четвртфиналето.
Ова беше дваесетти меѓусебен дуел на Ѓоковиќ и Монфис, а Новак ги доби сите дваесет.
Негов следен противник ќе биде Американецот Опелка.