[ВИДЕО] Пристигнува новото филмско продолжение-„Superman Legacy“: Дејвид Коренсвет и Рејчел Брознахан во главните улоги

Точка

20/12/2024

20:46

3.277

Големина на фонт

а а а

Следната година ќе биде претставен новиот филм наречен „Superman Legacy“.

Главната улога ќе ја има Дејвид Коренсвет, додека Рејчел Брознахан ќе ја преземе улогата на Лоис Лејн, а новото продолжение на филмот ќе биде достапно од 11 јули 2025 година.


Иако популарноста ја стекна преку сериите на Нетфликс „The Politican“ и „Hollywood“, главната улога во овој филм за Дејвид Коренсвет би можела да биде пресвртница во неговата кариера.

Освен него, Рејчел Брознахан најмногу стана забележана преку улогата во серијата „The Marvelous Mrs. Maisel“. Таа освои многу номинации за телевизиски награди, а сега пред неа е предизвикот во големиот филмски проект.

Филмот го режираше Џејмс Ган, познат по остварувањата како „Guardians of the Galax“ и „The Suicide Squad“.

Во новото продолжение на Супермен се појавуваат неколку нови ликови, меѓу кои се издвојува непријателот на Супермен, Лекс Лутор, а оваа улога му припадна на Николас Хулт. Покрај него, улоги во филмот остварија и Нејтан Филион, Мили Алкок и Изабела Мерсед.


Дејството на филмот сè уште не е откриено, но се претпоставува дека филмот ќе го следи Супермен додека тој се бори да го усогласи своето наследство со воспитувањето. За разлика од неговите претходници кои ја играа главната улога, Дејвид Коренсвет претставува нова верзија на популарниот херој.

Најавата за новото продолжение на Супермен предизвика многу позитивни реакции, а обожавателите во коментарите под тизерот велат дека со ова продолжение Супермен се враќа на своите „стриповски корења“, додека и целата актерска екипа доби многу пофалби.