Инфлуенсерката се најде на удар на критики откако призна дека го лажирала сопственото киднапирање затоа што ѝ било „здодевно“. 24-годишната Американка Викторија Волдрип, позната на социјалните мрежи како „Woah Vicky“, сподели серија објави за нејзиното патување во Нигерија.
И' било „здодевно“
Првично, нејзините објави на X покажаа дека таа добро се забавува, но подоцна се смени тонот на нејзините објави. Нејзините пријатели, загрижени за нејзината безбедност, ги споделија нејзините објави на Инстаграм и тврдеа дека била поднесена пријава во полиција.
omg? https://t.co/qt9NoaPLCr pic.twitter.com/0gqGSBvXwQ
— jill scott heron🪐 (@stillnotziora) December 29, 2024
Една од објавите, која подоцна беше избришана, а делуваше дека ја напишала друга личност, а не инфлуенсерката на нејзиниот профил на X, гласеше: „Ја киднапирав Вики. Таа е со мене во Нигерија. Барам 1 милион долари за нејзино ослободување“.
Update: WoahVicky says oops my bad after starting a false rumor that an African man kidnapped her in Nigeria 😳🙏🏽🇳🇬
— Rain Drops Media (@Raindropsmedia1) December 29, 2024
“I was just bored forgive me y’all” pic.twitter.com/G79OuHR7AP
Меѓутоа, сега инфлуенсерката откри дека сè било измислено бидејќи ѝ било „здодевно“ и се извини за ширење лажни информации. „Извинете сите, сè е во ред“, рече таа. „Ми беше здодевно и сакав да се забавувам, да се смеам. Само малку смеење, екипо. Тоа е сè. Се е во љубовта, јас само се забавував со брат ми, сè е во ред“, порача инфлуенсерката.
Isn’t this a fucking crime https://t.co/N4uY8QoDYP
— 🍊Elgin Barrett Eugene Smith lll🍊 (@Southside_Gunn) December 29, 2024
Таа згрози многумина
I’m disgusted https://t.co/6fAl4BO4z3
— Teonna✨🧚🏽 (@BuffieSOFluffy) December 29, 2024
„Многу смешно бидејќи не дека некој некогаш бил убиен или неправедно затворен за вакви глупости...“,„Згрозен сум“, „Ова не е толку смешно“, беа само дел од коментарите.