Актерот Милан Калиниќ удрил жена (40) во стан во Нов Белград: Побегнал, па самиот се предал на полицијата

Точка

30/12/2024

13:31

2.862

Големина на фонт

а а а

Девојка го пријавила синоќа српскиот актер и водител Милан Калиниќ за насилство, поради тоа што наводно тој ја удрил во главата во нејзиниот стан во Нов Белград.

Како што пишуваат српските медиуми, драмата се случила нешто пред полноќ во Нов Белград, кога девојката повикала полиција ѝ рекла дека Калиниќ ја претепал.

Од редакцијата на српски „Блиц“ го побарале Милан за да ги потврди овие наводи, а тој изјавил дека не се случило никакво насилство.


„Видов што се пишува. Ја знам девојката, ги видов овие иницијали, но не знам зошто овие пишувања. Никого не сум допрел со прст. Сè е во ред, не знам за што се работи. Можно е тоа да е поради моите неодамнешни објави на социјалните мрежи, не знам за што друго би можело да е во прашање“, изјавил Калиниќ за „Блиц“.

Девојката со иницијали А. Б., објаснила што се случило.

Таа наводно добила удари од него, а кога полицијата дошла на лице местото, било констатирано дека Калиниќ побегнал од адресата каде што се случило насилството. Таа навела дека добила удар во десната слепоочница додека седела на столот, поради што има модринка под окото. Меѓутоа, таа не сакала да ѝ пружат лекарска помош во Брзата помош, туку рекла дека сама ќе оди на лекар, рекол извор запознаен со целиот случај.


Во меѓувреме, како што дознава српски „Телеграф“, Калиниќ синоќа ѝ се предал на полицијата и му била изречена итна мерка – забрана за приоѓање и комуникација.