[ФОТО] Сопругата на Адам Левин објави ретки, заеднички фотографии: Се гушкаа и беа насмевнати

Точка

30/12/2024

09:34

2.193

Големина на фонт

а а а

Манекенката Бехати Принсло сподели ретки фотографии од неа и сопругот Адам Левин. Во објавата на Инстаграм таа сподели фотографии на кои се гушка со пејачот на „Maroon 5“.

Ги сподели заедничките моменти со семејството

Нејзината објава исто така содржи и моменти со нивните ќерки Дасти Роуз (8) и Џио Грејс (6), а на една од фотографиите девојчињата уживаа во денот поминат на плажа со пријателите.


Исто така Принсло (36) и Левин (45) имаат и едногодишен син. Манекенката, позната и како Ангел на Викторија Сикрет, ја потврди третата бременост во март 2023 година, неколку месеци откако нејзиниот сопруг беше обвинет за афера.

Левин наводно ја изневерувал бремената сопруга

Потсетуваме, кон крајот на 2022 година, Адам Левин се најде во центарот на скандалот откако тиктокерката го обвини дека ја изневерил бремената сопруга со неа. Тиктокерката претходно во видео раскажа дека Левин ѝ испраќал многу 18+ пораки на Инстаграм, а како што објасни, пејачот дури ја прашал дали може да го нарече своето дете по неа.


Таа исто така изјави дека за аферата им раскажала на пријателите, а еден од нив наводно сакал да ја продаде приказната на таблоидите, поради што таа решила самата јавно да признае сè.

Пејачот призна дека испраќал несоодветни пораки, но ја негираше аферата


Левин тогаш се огласи во врска со скандалот и негираше дека ја изневерил сопругата, но призна дека разменувал пораки со други жени. „Погрешно проценив кога мислев дека е во ред да флертувам со кој било друг освен со сопругата. Ја преминав границата во текот на тажниот период од мојот живот, но презедов чекори за да ги поправам грешките. Мојата сопруга и моето семејство се сè што ми е важно на овој свет“, напиша пејачот.