Што никогаш не треба да се консумира на празен желудник?

Точка

05/12/2024

15:18

7.692

Големина на фонт

а а а

Начинот на кој го започнувате денот го предодредува нивото на вашата енергија и способноста за соочување со нови предизвици во текот на денот.

Кога правите грешки како што е пиењето кафе на празен желудник или интензивното вежбање без претходен оброк, го изложувате телото на стрес. Овие навики можат да доведат до дигестивни проблеми, недостиг на енергија или долготрајно оштетување на внатрешните органи, пренесува „City Magazine“. Знаењето што е добро за организмот, а што не е, може да спречи многу проблеми.

Лекови против болки

Антиинфламаторните лекови како аспирин и ибупрофен се ефикасни, но треба да се користат со претпазливост.


Доколку се консумираат на празен стомак, тие можат да ја иритираат слузницата на желудникот, да предизвикаат гадење па дури и чир. Се препорачува овие лекови да се консумираат со млеко или после оброк за да се намали ризикот од дигестивни проблеми.

Кафе

Консумирањето кафе на празен желудник го стимулира лачењето на киселина, што може да доведе до горушица, рефлукс и желудочни проблеми.


Иако кафето може да ви помогне да се расоните, на долг рок може да направи повеќе штета отколку корист. Наместо тоа, кафето консумирајте го после лесен оброк или појадок, за телото најпрво да биде снабдено со хранливи материи.

Алкохол

Телото побрзо го апсорбира алкохолот на празен стомак, што го зголемува ризикот од прекумерно пиење.


Покрај тоа, може да дојде до преоптоварување на црниот дроб и бубрезите. Доколку планирате да пиете алкохол, секогаш прво јадете нешто за да го заштитите вашиот дигестивен систем.

Интензивно вежбање

Вежбањето на празен желудник може да предизвика губење на мускулната маса и исцрпеност бидејќи телото нема доволно енергија за интензивни напори.


Наместо тоа, практикувајте лесни вежби како јога или истегнување, а пред тренингот изедете парче овошје или јаткасти плодови.

Сок од лимон

Иако сокот од лимон е богат со витамини, неговата киселина може да го иритира желудникот, особено кај луѓето со гастритис. Поради тоа разредете го со вода и пијте го со оброк за да ги избегнете неговите негативни ефекти врз дигестијата.


Исто така гладот може да влијае и врз вашето расположение. Истражувањата покажаа дека недостатокот на енергија доведува до зголемена раздразливост и склоност кон конфликти. Затоа обидете се да појадувате во првиот час по будењето за да му го дадете на вашето тело потребното „гориво“ и за да ја подобрите вашата благосостојба. Приспособувањето на утринските навики е мала, но важна промена која може да го подобри вашето здравје на долг рок.