Тиктокерката Марија која на оваа социјална мрежа се претставува со името „Marija solo traveler“ ги посетува земјите ширум светот. Така, на својата листа ја „ставила“ и Литванија, како 36-та земја што ја посетила. Видеото кое го објави на „TikTok“ доби многу коментари, а во него Марија вели дека не е претерано воодушевена.
„Дали е ова најздодевната земја во Европа? Не ми се допадна Литванија. Вилнус е убав, но ништо што не сум го видела досега. Еден ден ќе ви биде доволен да посетите сè. Оваа земја е позната како еден од нашите најжестоки противници кога е во прашање кошарката. Една од балтичките држави која кај нас не е многу популарна. Нивниот јазик е еден од најстарите во светот. Добредојдовте во Литванија и нејзиниот главен град Вилнус“, напиша Марија во описот на видеото и додаде во продолжение на видеото:
„Како што може да се види од архитектурата, руското влијание е очигледно, но бидејќи Балтикот се стреми да стане дел од нордискиот регион, односно да го достигне нивото на Скандинавија, евидентно е дека новиот дел од градот е изграден според моделот на скандинавските земји. Ова ви овозможува да видите неколку генерации архитектура на едно место“, вели таа во видеото.
@marijasolotraveler Litvanija mi se nije naročito dopala. Simpatičan je Vilnius, ali ništa što već nisam videla. Biće vam dovoljno jedan dan da obiđete sve. #travelvlog #srbijatiktok #foryou #fyp #serbiatiktok #lithuania #vilnius #whattodoinvilnius ♬ origineel geluid - Artists and more music 🎤
Марија додала дека луѓето во оваа земја речиси и не комуницираат, а вели дека и се допаѓа главниот град Вилнус, за кој вели дека е „уреден“ и „чист“, но дека воопшто не и се допаѓаат жителите на овој град.
„Имам чувство дека тука престанав да се смеам. Овде луѓето не се смешкаат, не комуницираат меѓу себе, мислам дека не зборуваат ни англиски. Тука буквално никој никому не поздравува. Досега не сум ни доживеала ниту во хостел некој од вработените да ме поздрави, а се прават дека не нè гледаат. Не знам дали се работи за менталитет, но луѓето се многу ладни и воопшто не комуницираат меѓу себе“, се изненади Марија.
@marijasolotraveler Litvanija mi se nije naročito dopala. Simpatičan je Vilnius, ali ništa što već nisam videla. Biće vam dovoljno jedan dan da obiđete sve. #travelvlog #srbijatiktok #foryou #fyp #serbiatiktok #lithuania #vilnius #whattodoinvilnius ♬ origineel geluid - Artists and more music 🎤
Сепак, Марија истакнува дека цените се многу поволни и дека се е финансиски достапно.
„Се е доста поволно. Еден оброк во ресторан, на пример, чини осум евра. Исто така, тука служат кафе во големи шолји, а колачите се вкусни. За кафе и колач платив вкупно пет евра. Возовите се одлични, а билетите се многу достапни. Конечно, хостелот во кој престојував е многу убав. Иако не сум задоволна од услугата и персоналот, просторот е топол, а за посебна соба платив 25 евра од ноќ, што е навистина добро“, заклучила Марија.