[ВИДЕО] Безволието на Јокиќ во претсезоната стана виралнo: „Тој толку многу не сака да биде овде“

Точка

18/10/2024

21:03

1.514

Големина на фонт

а а а

Лука Гарза (25), центарот на Минесота, кој од пред три години настапува за репрезентацијата на БиХ, го одигра натпреварот на својата кариера. Мора да се признае, дека Гарза успеа да го направи тоа во претсезонскиот меч на НБА, но исто така вреди да се спомене дека во поразот од Денвер (126:132), еден од најсилните тимови, постигна 29 поени за 33 минути од играта (шут од терен 11/17) со девет скока.


Особено интересен настап и бројки имаше актуелниот МВП на најсилната лига и според многумина најдобриот светски кошаркар, Никола Јокиќ. Познат по својата ефикасност и големиот број на шутеви, Јокиќ овојпат му се потчини на својот тим. Тој шутираше само пет пати, погоди два од нив за вкупно само 4 поени за 28 минути игра. Но, неговиот настап во другите клучни категории беше одличен: седум скока и асистенции, три украдени топки и една блокада.

Статистиката на Јокиќ од полувремето стана вирална, но и неговото безволие

Статистиката на Јокиќ од полувремето е вирална бидејќи покажува колку тој влијае врз играта и на резултатот, дури и кога воопшто не постигнува поени. На половина од натпреварот имаше нула во колоната за поени, но и шест скока, пет асистенции и две украдени топки, што беше доволно за индекс +17.

Но, вирално стана и видео кое сведочи за, како што пишуваат корисниците на социјалните мрежи, неговото безволие да работи напорно на подготвителниот натпревар. Како илустрација за тоа послужи неактивноста на Јокиќ при нападот на противникот.

Гарза ја прими топката на линијата за слободни фрлања, шутираше, а по промашувањето ја собра топката и погоди во вториот обид. Јокиќ само го гледаше сето тоа.

„Јокиќ толку многу не сака да биде таму“, „На претсезонските натпревари на Јокиќ му се работи како да е три попладне во петок“, беа дел од коментарите на социјалните мрежи под видеото од натпреварот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг