Анчелоти даде најнова информација за Алаба после страшните прогнози на шпанските медиуми

Дерби

18/10/2024

15:20

383

Големина на фонт

а а а

Рехабилитацијата на Давид Алаба се оддолжи многу повеќе од тоа што првично се планираше и Австриецот е во аут речиси цела година, или поточно од мечот со Вилјареал кој се одигра минатиот декември.

Искусниот стопер мина тежок период на опоравување и во последните неколку дена се појавија шпекулации дека тој воопшто не заздравил од тешката повреда на коленото, па дури и се појавија гласини дека размислува да стави крај на кариерата поради проблем со рскавицата.

Ваквите информации само ги зголемија можностите Реал Мадрид да купува нов дефанзивец во месец јануари, но сега Карло Анчелоти ги демантираше црните прогнози за Алаба, иако не исклучи ангажман на играч кој би ги исполнил барањата на „кралскиот клуб“.

– Ако успееме да пронајдеме играч кој е идеален за Реал, не исклучуваме ништо….. Но, во фудбалот ништо не е така едноставно, особено не во јануари.

– Имаме млади играчи од школата кои можат да помогнат и кои можат да одговорат на некои позици, а за сите кои се прашуваат, набрзо во тимот ќе се приклучи и Давид Алаба. Тој наскоро ќе биде дел од првиот тим и засега не размислуваме на нови засилувања, – изјави Анчелоти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг