Погба за пропаднатиот талент на Јунајтед: Тој беше како Нејмар, за малку ќе се степав со него

Дерби

18/10/2024

13:28

302

Големина на фонт

а а а

Пол Погба не ги изостави и англиските медиуми во низата обраќања кои ги имаше изминативе денови, па иако главна тема му беше намалувањето на казната која го оневозможи да игра фудбал во изминатата година, Французинот во обраќањата се наврати и на своите почетоци во Манчестер Јунајтед.

Погба имаше две етапи на „Олд Трафорд“ и откри дека има доста позитивни сеќавања и од првата, особено од деновите во младинскиот тим во кој наишол на доста големи таленти.

Во продолжение од кариерата, Погба заигра и за првиот тим заедно со Џеси Лингард, но тој открива дека убедливо најголем талент во Јунајтед бил Равел Морисон.

– Равел беше најдобриот играч во нашата генерација, немав видено такво нешто дотогаш во живо. Немаше сомнеж за тоа, играше како Нејмар од деновите во Сантош. Ни правеше такви трикови на тренинзите и натпреварите. Кога јас пристигнав од Франција, Равел беше главна ѕвезда и вистински шеф во младинскиот тим. Трениравме само неколку недели и јас сфатив дека со него мора да бидете цврст ако сакате да му ја земете топката.

– Тој си поигруваше со сите со своите дриблинзи, па јас му влегов поцврсто и му ја земав топката. Тој потоа намерно ме удри, а јас се свртев и не реков ништо. Во следниот дуел, буквално го уништив и почнавме да се расправаме. Бевме во клинч, па јас м реков дека ќе се пресметаме во соблекувалната. Во Париз такви работи се нормални. Но, кога дојдовме во соблекувалната, тој само ми пријде и ми подаде рака. Од тој ден, тој е мој човек, до ден денеска се уште зборуваме и имаме контакт. Тој беше еден од оние кои ми пишаа кога ми ја намалија казната. Беше многу среќен за мене, – открива Погба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг