Вајт го посочи соиграчот кој никој не може да го помине на тренинзите на Арсенал: Напаѓачите престанаа да се обидуваат

Дерби

18/10/2024

14:31

540

Големина на фонт

а а а

Арсенал сериозно напредуваше во одбрана под водство на Микел Артета и тоа особено дојде до израз во последните две сезони, но ако треба да се бира еден дефанзивец кој е најдобар, тогаш дилеми немаат и самите играчи од првиот тим.

Вилијам Салиба прерасна во еден од најдобрите стопери во светот и веќе сите гледаат на него со огромна почит во Премиер лигата, а воодушевени од тоа како се справува со противниците се и неговите соиграчи.

Бен Вајт вели дека никогаш не видел толку добар стоперски пар како Салиба и Габриел, но сепак во фокусот го става францускиот дефанзивец.

– Салиба е неверојатен во секој поглед, не може да се пронајде ниту една слабост во неговата игра. Не може да кажете дека треба да работи на нешто во својата игра.

– Тоа што го гледаме на тренинзите е навистина чудно. Едноставно не може да го помине никој на тренинзите на Арсенал. Напаѓачите дури престанаа да се обидуваат, бидејќи знаат дека немаат шанса, – вели Бен Вајт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг