[ФОТО] Ја нарекоа „најгрдата жена на светот“: Никогаш немала повеќе од 29 килограми, слепа е на едното око, ја навредуваа, а таа …

Точка

13/09/2024

12:29

4.139

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерката и активистка Лизи Валаскез (35), се родила со синдромот „марфаноид – прогероид – липодистрофија“, познат и како „синдромот на Лизи Валаскез“.

Овој синдром е исклучително ретка појава, но и покрај тоа Лизи никогаш не очајувала. Но кога на „Јутјуб“, ја нарекоа „најгрдата жена на светот“, живото на Лизи потполно се смени.


„Читав ужасни коментари, пишуваа дека треба да му направам услуга на светот и да си пукам в глава. Наместо да плачам и да се кријам, одлучив да бидам среќна. Сфатив дека овој синдром не е проблем, туку дарба којашто ми нуди шанса да станам подобра и да им послужам на другите како инспирација“, раскажа Лизи и додаде дека знае како е да се биде жртва на интернет – насилство, како и дека сака да ги заштити сите коишто поминуваат низ истото.

Поради синдромот со којшто е родена, Лизи има проблем со акумулирањето на телесните масти, и зголемувањето на телесната тежина, поради што така никогаш немала повеќе од 29 килограми. Исто така, нејзиниот имунитет е многу слаб, а Лизи е потполно слепа на едното око, а со другото слабо може да гледа.

Како што пишува порталот „Today“, нејзината најголема поддршка се нејзините родители.

„Најдобрите родители на светот. Од моментот на моето раѓање ме опсипуваа со љубов, а не ме одгледуваа само мене, туку и мојата сестра Марина и братот Крис, коишто исто така подеднакво ги сакаа. Таа љубов помножена со три, ме донесе на местото на коешто сум денес“, вели Лизи.

Лизи инаку се родила четири недели пред предвиденото време, а мајка ѝ кога ја здогледала почнала да рони солзи поради фактот што Лизи била премногу мала.

„Неутешно ронев солзи, не можев да се контролирам, но им кажав да ми ја донесат. Сакав да ја видам, да ја земам во прегратка и да ја сакам“, раскажа Рита Веласкез, мајката на Лизи.

Колку е поинаква од останатите, Лизи разбрала веднаш откако почнала да оди во градинка, поради фактот што другите деца одбегнувале да се играат со неа. Меѓутоа поради сето тоа, Лизи, многу млада ја стекнала зрелоста на возрасен човек.

„Научив да се прифатам себеси онаква каква што сум. Кога би сменила нешто, тогаш повеќе нема да бидам Лизи, тоа нема да бидам вистинската јас“, вели Лизи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг