Џени продала сè што имала и заминала на крстарење околу светот – но се случил пресврт: Поради ова ѝ бил забранет престој на бродот

Точка

19/09/2024

18:26

891

Големина на фонт

а а а

Џени Феникс (68), разведена мајка на две деца од Флорида, е една од несреќните патнички чие тригодишно патување низ Европа, Азија и Америка било прекинато „засекогаш“, пренесува „Она“.

Џени, која продала сè за да замине на своето крстарење од соништата и да плови низ светот за 315.000 евра, тврди дека сега ѝ е забрането да оди на бродот, откако протекле нејзините приватни пораки од ВатсАп (WhatsApp).

„Многумина кои се надеваа на некое тропско сонце, моментално заглавени на бродот за крстарење „Вила Ви Одисеј“, сега се свртеа кон таблетите со витамин Д додека чекаат нов датум на поаѓање откако беа блокирани во пристаништето во Белфаст три месеци“, рекла Феникс.


Таа жртвувала сè и го продала целиот свој имот за да се приклучи на ова крстарење, при што, меѓу другото, планирала да отиде и до својот дом во Мајами, за да земе повеќе работи што ѝ се потребни за ова тригодишно крстарење. Меѓутоа, среде тековните одложувања, таа им рекла на сопатниците во групата на ВатсАп дека бродот нема да се закотви во Мајами и изразила загриженост дека работата за обнова на огромниот брод може да продолжи дури и откако ќе го напушти Белфаст, принудувајќи ги да користат привремена кабина, бидејќи една што таа ја резервирала, сè уште се користи од страна на екипажот.

Овие пораки протекле до сопствениците на бродот, кои ѝ рекле дека нејзиниот договор за патување е откажан поради „однесување што влијае на моралот на заедницата“.

„Добивме повеќе од десет формални поплаки во врска со вашите постојани поплаки и негативност. Ова однесување значително влијаеше на моралот и благосостојбата на другите патници. Мораме трајно да го откажеме вашиот договор за да ја одржиме благосостојбата и задоволството на нашата заедница“, ѝ рекол главниот оперативен директор Кети Вилалба.


Феникс останала шокирана по оваа објава.

„Никогаш не сум била груба или неучтива и никогаш не сум учествувала во лични напади. Тоа беа приватни разговори – ништо не објавив јавно на платформите на социјалните мрежи“, објаснила таа и додала дека не е единствената што е вознемирена затоа што нивното патување толку долго се одложува:

„Разочарувањето кај патниците растеше по секое одложување. Бев една од најотворените во поставувањето важни прашања. Многу патници приватно ми се заблагодарија што зборував во име на целата група“, рекла таа.

Феникс уплатила првичен депозит за пат околу светот и планирала да потроши до 315 евра за кабина или да се вклучи во програмата на компанијата „Бескраен хоризонт“ – која им овозможува на патниците да крстарат до крајот на животот почнувајќи од 270.000 евра. Уште во мај, таа полетала за Саутемптон, Англија, за да тргне на патување до 425 дестинации во 147 земји.


„Бевме информирани за едно кратко доцнење, но ништо не изгледаше критично и, се разбира, плановите за патување и хотелските резервации беа направени неколку месеци однапред“, зборувала таа.

Џени додала дека линијата за крстарење тогаш објавила дека го презакажува запловувањето на бродот за Белфаст во мај, по што бил откриен уште еден проблем кога се закотвиле во бродоградилиштето „Харланд енд Волф“, озлогласено по изградбата на „Титаник“.

Имено, бидејќи пловилото останало неактивно четири години во текот на пандемијата, истекол рокот на траење на сертификатите, а компанијата што ја врши сертификацијата побарала документација за минатите поправки на бродот, која не можеле да ја достават. Бидејќи „Вила Вие“ нема документација за поправка на моторот од 2007 година, мораше да се направи нова поправка и документација. Среде овие поправки, патниците останале заглавени во Белфаст.


На Феликс ѝ бил вратен делот од депозитот за „Одисеја“, но таа сè уште не разбира што навистина се случило.

„Не можам ниту да почнам да го објаснувам емоционалното уништување и физичкиот данок што ми го нанесе ова. Поминаа неколку недели пред да можам да им објаснам на децата што се случи. Го имав истиот сон како и сите други на тој брод и ми го одзедоа, навидум без размислување. Сега ќе морам да останам да живеам со ќерка ми додека не смислувам сосема нов план за мојот живот“, заклучила очајната жена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг