[ФОТО] Нејзините гигантски гради влегоа во Гинисовата книга на рекорди како најголеми природни гради во светот

Точка

19/09/2024

16:39

788

Големина на фонт

а а а

Ени Хокинс Тарнер, позната по уметничкото име Норма Стиц, е американски фетиш модел. Нејзиниот псевдоним е игра на зборови за „огромни гради“ коишто се резултат на гигантомастија, а во Гинисовата книга на рекорди нејзините гради се прогласени за најголеми природни гради во светот.


Денес Ени има 67 години, а целиот нејзин „работен стаж“ го засновала токму врз своите големи гради, коишто и донеле препознатливост, ангажмани во индустријата за возрасни, пари од следбениците на онлајн платформите, како и од впишувањето во Гинисовата книга на рекорди. Додека пред девет години таа дури учествуваше и во ријалити шоу на телевизијата „E!“, во коешто требала да го намали обемот на градите, но оваа позната актерка од филмовите за возрасни, тоа одлучно го одбила, бидејќи не сакала го изгуби својот „идентитет“ но и работните понуди.

На 37 годишна возраст се приклучила кон индустријата за возрасни


Со оглед на тоа дека не постоеле социјални мрежи, во својата рана младост Ени не знаела како да ги искористи и наплати своите рекордно големи гради, не постоела платформа како „Only Fans“ којашто би ѝ овозможила заработка од големите гради. Од друга страна на телевизија не можел да се појави кој било, многу се внимавало на изгледот, однесувањето, и образованието на личноста којашто преку камерите ќе „влезе“ во домовите на пошироката публика, па така оваа Американка од Атланта, морала да чека до нејзината 37 годишна возраст и експанзијата на магазините со порнографски содржини за да биде забележана и за да се приклучи кон индустријата за возрасните.

Откако пред крајот на својата четврта деценија победила на натпреварот на магазинот „Juggs“, ѝ се отвориле многу врати. Под името Норма Стиц таа снимила 250 порнографски филмови но како што вели таа „без сцени со интимни односи“. Ени ниту денес не се откажува од заработката преку своите големи гради, а со развојот на новата технологија и социјалните мрежи, таа стана успешен „фетиш“ модел.

Што е гигантомастија?

Гиигантомастијата е ретка состојба при којашто градите стануваат прекумерно големи. Може да предизвика болка, инфекција, непријатност и проблеми со изгледот на телото. Гигантомастијата може да реши преку хируршки зафати, односно операција за намалување на градите или по пат на лекови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг