Два автобуса се целосно уништени, а оштетена е и кабина на цистерна. Пожарникарите го ставиле огнот под контрола. Нема пријавени повредени.
Кавер-фото: SV1XV · CC BY-SA 1.0
Четири автобуси на грчката полиција и едно возило-цистерна се оштетени во пожар во атинската населба Гуди. Огнот избувнал во понеделник попладне во кругот на касарната „Николаос Зорбас“, каде што биле паркирани полициските возила.
Два од автобусите се целосно уништени, а другите два претрпеле значителни оштетувања. Оштетена е и кабината на цистерната, според последниот извештај на грчкиот јавен сервис ЕРТ.

Поглед кон Атина од ридот Ликавитос. Архивска фотографија. Фото: Salwa Farwaneh Dameh · CC0
Оперативниот центар на противпожарната служба бил известен околу 17:20 по грчко време на 23 ноември. На терен излегле 21 пожарникар со седум возила, а огнот бил ставен под контрола, пренесе „Катимерини“. Според „Атинс војс“, нема пријавени повредени.
Првичните процени упатуваат на можен технички дефект на едно од возилата. Точната причина сè уште се истражува, а случајот го презела надлежната истражна единица на противпожарната служба.












