Градоначалникот на Њујорк ќе оди на операција

Макфакс

24/11/2026

07:18

119

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, ќе биде опериран поради скината Ахилова тетива. Операцијата е закажана во петок, а додека тој е на опоравување, неговите должности ќе ги преземе заменик-градоначалникот Дин Фулеихан.

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, најави дека во петок ќе биде опериран поради скината Ахилова тетива. Тој се повредил минатата недела за време на пријателски фудбалски натпревар против новинари кои ја следат работата на градската управа.

На вчерашната прес-конференција – која не беше посветена на оваа тема – Мамдани призна дека е загрижен. „Исплашен сум; ова ќе биде мојата прва операција“, изјави тој. Објасни дека зафатот е закажан за во петок наутро и дека ќе биде под анестезија во периодот меѓу 9:00 и 14:00 часот. „Потоа, ќе треба да одморам неколку дена“, додаде тој.

Пренос на овластувањата на заменик

Додека градоначалникот е на операција, неговите должности привремено ќе ги преземе првиот заменик-градоначалник Дин Фулеихан. Мамдани нагласи дека преносот на овластувањата ќе се изврши во целосна согласност со законските процедури.

Градоначалникот ја повредил Ахиловата тетива на десната нога минатиот четврток. Оттогаш, во јавноста се појавува со патерици и ортопедска чизма. Призна дека не се загреал пред да влезе во игра, а тетивата пукнала веднаш откако постигнал гол. „Заборавив дека имам 35 години“, се пошегува Мамдани на прес-конференцијата во петокот.