Без струја денеска делови од општините Петровец и Гази Баба

Макфакс

24/11/2026

07:15

115

Големина на фонт

а а а

ЕВН Македонија известува дека денеска ќе има планирани исклучувања на електричната енергија во одредени делови од општините Петровец и Гази Баба поради технички интервенции и замена на столбови.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ќе има планирано исклучување на електричната енергија:

· Поради замена на 3 столба кај село Катланово Стари лозја без напојување ќе бидат улицата 1 село Катланово од 08.00-15.00 часот, општина Петровец;

· Поради работа во ТС Маџари 15 без напојување ќе останат дел од улицата Благоја Стефановски, Разлошка, Валандовска и Никола Киров-Мајски од 08.30-14.30 часот, општина Гази Баба.