[ФОТО] И пред 20 години и денес – таа е најсексапилната пејачка во светот: Новите жешки фотографии го докажуваат тоа

Точка

23/11/2026

19:57

1.310

Големина на фонт

а а а

Никол Шерцингер не пропушта можност да ги израдува своите следбеници на социјалните мрежи, а понекогаш сака да ги врати во минатото и да ги потсети дека кај неа, сепак, ништо не се променило.

Атрактивната пејачка Никол Шерцингер (48) обожава да споделува моменти од приватниот живот, но и фотографии и снимки од своите настапи со следбениците. Најчесто станува збор за провокативни модни изданија, снимки од тренинзи и пози со кои ги воодушевува сите, дури и оние што можеби не ја следат толку внимателно.


Познато е дека Никол е многу посветена на фитнесот и здравиот начин на живот и се труди секогаш да изгледа совршено, па затоа споредбата „некогаш и сега“, што ја објави, воопшто не е толку изненадувачка.

„20 години подоцна, сè уште сум истата девојка“, напишала таа под објавата.


Заносната бринета споделила фотографија на која позира со подигната маичка, така што нејзините извајани стомачни мускули се во преден план, додека шорцевите ги спуштила толку ниско што едвај ги покриваат интимните делови.

Потоа објавила и следна фотографија на која е облечена во слична модна комбинација, но направена пред 20 години. Проценете сами дали и колку се променила убавата Никол.


Во коментари, обожавателите ја опсипале со комплименти и ја молеле да ја открие тајната на нејзиниот младешки изглед и таквото тело.

„Ти си сè“, „Магична како и секогаш“, „Заробена си во времето“, „Секогаш ќе бидеш истата девојка“ – ова се само дел од коментарите под објавата.