[ВИДЕО] И Таско се соочи со „Полиграф“ - одговараше на интимни прашања за неговиот живот: „Си имав забавни моменти со алкохолот, сум живеел во константен пекол“

Точка

23/11/2026

11:57

715

Големина на фонт

а а а

Христијан Тасковски – Таско никогаш не криел детали од својот приватен живот, па отворено зборувал за бракот со сопругата Наташа, тешките моменти низ кои поминале по загубата на бебето при првата неуспешна бременост, но и за личната борба со пороците.

Пејачот неодамна откри и дека речиси две години воопшто не консумира алкохол, што претставува голема промена во неговиот живот.

За овие чувствителни теми Таско искрено говореше и во гостувањето во „Полиграф“, кај Стефонатор, каде што одговараше на низа директни и непријатни прашања.

Едно од првите прашања што ги отвори водителот се однесуваше на неговиот однос со родителите во периодот кога ја започнал врската со Наташа. Стефонатор го праша дали е вистина дека неговите родители во почетокот не ја одобрувале неговата избраничка, пред сè поради нејзиниот изглед и тетоважите, како и дали несогласувањата околу нивната љубовна врска сериозно ги нарушиле семејните односи.

Таско потврди дека е така, велејќи дека ситуацијата денес е поинаква.

✨„Како што гледаш, денес Наташa ми е жена. Имаме две прекрасни деца и функционираме поубаво од било кога. Имаме и поддршка од родителите“, вели тој.

Потоа, Стефонатор го прашува:

❓„Даваш многу позитивен пример кога зборуваш за еден од најтешките моменти за секој еден родител, а тоа е кога ја изгубивте првата бременост. Дали тој момент е оној кој најмногу ја зацврсти твојата љубов кон Наташа?“.


✨„Да, дефинитивно затоа што сфатив дека конечно во мојот живот имам личност којашто стварно ќе биде бетон до мене и ќе се бори до крај за сите работи. И тоа го гледам и сега кога се грижи за децата, кога се грижи за мене, кога се грижи за хармонијата во домот, затоа што...

Знаеш, жената ја носи светлината во домот. Ако имаш правилна жена покрај тебе, можеш многу работи да направиш. И мислам дека и кај жените е исто. Кога жената го има правилниот маж до неа, може и таа многу да направи. Дупло повеќе може да направи. Вајс верса е тоа. И јас гледам и по односот на децата спрема неа дека е на правиот пат. Иако знаеме да бидеме тешки како родители сами на себе, тоа што децата го кажуваат - не лажат, знаеш.

Не знае дете да те излаже и љубовта што ја дава спрема родителот и родителот кога ќе го види и се радува, тоа ти е доволен доказ за тоа каков родител си“.

Следното прашање до Таско:

❓„Сега сте горди родители на Лукијан и Киријана. Дали нивното раѓање те натера да се откажеш од некои навики за кои претходно мислеше дека никогаш нема да ги промениш?“.


✨„Да. Си имав проблеми со некои... Си имав да речам забавни моменти некои со алкохолот и со некои други работи кои тогаш мислев дека се забавни.

Од оваа гледна точка сум живеел во константен пекол и луп од којшто стварно мислев дека нема да излезам никогаш, но фала му на Господ и на сите околу мене веќе скоро две години сум стрејт“.