Со една сезонска ски-карта ќе може да скијате во 4 земји на Балканот: 3 дена уживање на снегот

Точка

23/11/2026

14:00

790

Големина на фонт

а а а

Сезоната на скијање се приближува, а новиот договор овозможува користење на ски-карти во неколку ски-центри во регионот. Уживајте во скијањето на Јахорина, Копаоник и други дестинации.

Вистинската зима сè уште не е пристигната, а љубителите на скијањето веќе се подготвуваат за својот омилен дел и активности на снегот.

Скијачите, покрај опремата и скијачките центри, се грижат и за скијачките билети, чија цена варира во различни скијачки центри, па затоа претставниците на скијачките центри од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Словенија решија да им го олеснат уживањето во шармот на зимата.


Имено, на Јахорина беше потпишан договор за регионална соработка „SKI REGION“, кој предвидува меѓусебно признавање на сезонските скијачки карти и можност за нивно користење три дена во партнерските скијачки центри.

Спогодбата е потпишана со цел поврзување на регионалните скијачки центри, подобрување на туристичката понуда и заедничка промоција на зимскиот туризам.

Генералниот директор на Олимпискиот центар Јахорина, Игор Жиљак, изјави дека имателите на сезонски скијачки билети на Јахорина ќе можат да скијаат три дена во Бјелашница, и по три дена во партнерските скијачки центри во Словенија, Србија и Црна Гора.


„Сите скијачки центри во регионот се согласија дека нашите годишни билети важат во центрите со кои потпишавме договор, за три дена скијање. Се надевам дека на овој начин ќе им обезбедиме на туристите подобро скијање и попријатна атмосфера“, изјавил Жиљак.

Тој исто така изразил очекување дека договорот ќе придонесе за промоција на зимскиот туризам и ќе го зголеми интересот за регионалните скијачки дестинации, вклучувајќи ги Јахорина, Бјелашница и Копаоник, објави сараевски „Klix“.


Почетокот на сезоната

Почетокот на зимската скијачка сезона варира од планина до планина, а на Копаоник стартот е планиран за 3 декември, кога ќе се организира настанот „Ski Opening“. Првиот ден, скијањето ќе биде бесплатно. Секако, стартот е предмет на промена, поради условите на теренот.