При подготовката на славската трпеза покрај главните јадења и традиционални специјалитети, посебно место заземаат и предјадењата кои лесно се сервираат, а можат да останат свежи за време на сите три славски денови.
Тука спаѓаат разни практични печива како мафини и проја, секогаш неодоливите кремасти салати, како и солените торти, а една нејзина варијанта е домашната солена обланда, која изгледа атрактивно и е практична за сервирање.
Во продолжение рецепт за солена обланда со шунка, павлака и сирење која брзо се приготвува, а изгледа убаво кога ќе се послужи со вкусно сервирано мезе.

Состојки:
✔️1 пакување обланди
✔️200 гр мајонез
✔️2 чаши кисела павлака
✔️650 гр шунка
✔️650 гр фета сирење
✔️2 парчиња тврдо сирење
✔️100 рендан кашкавал
Подготовка:
Најпрво подгответе два различни филови. Иситнете ги фета сирењето и тврдото сирење, измешајте ги, па додадете го мајонезот додека да добиете изедначена смеса. Потоа шунката исечкајте ја на што поситни парчиња или изрендајте ја, а потоа измешајте ја со киселата павлака.

На првата кора од обландата рамномерно распоредете го филот од сирење и мајонез, а преку него нанесете слој од филот со шунка и павлака. Одозгора ставете ја следната кора и повторувајте ја постапката додека не ги потрошите подготвените состојки.
Потоа завршниот слој премачкајте го со филот со шунка или со обична кисела павлака, а одозгора изрендајте кашкавал.
Оставете ја обландата да отстои за корите да омекнат, а филовите убаво да се поврзат, па исечкајте ја на помали коцки или ленти.








