Познатиот комичар го чекаат десет години пекол: „Тука е мета, жив мртовец, подобро да не излегува од ќелијата“

Точка

11/11/2026

15:05

1.055

Големина на фонт

а а а

Озлогласениот комичар Расел Бренд во понеделникот беше осуден на повеќе од 10 години затвор, откако беше прогласен за виновен за силување и сексуален напад.

По изрекувањето на пресудата, Бренд беше сместен во затворот „ХМП Вандсворт“ во Лондон, каде што првиот ден го поминал „престојувајќи во својата ќелија колку што е можно подолго“.

Извори за „Дејли мејл“ откриле дека Бренд се обидува „да не покажува страв“ и дека позајмил неколку книги од библиотеката, меѓу кои и „Библијата и неколку молитвеници“.


Изворот додал дека комичарот наводно „со часови чита, медитира и се моли“, како и дека „се труди да ги зачува достоинството и смиреноста, иако долготрајниот престој во затвор очигледно му предизвикува огромно страдање“.

Според изворите, Бренд е сместен во посебна ќелија од безбедносни причини.


Бренд ќе остане во затворот „ХМП Вандсворт“ во следните неколку недели, открил адвокатот Кали Сахота, по што ќе биде префрлен во друг затвор, во зависност од „безбедносните аспекти и потребите за рехабилитација“. Сахота истакнал и дека во затворот во кој моментално се наоѓа, на затворениците им е дозволено да поминуваат по еден час дневно надвор од своите ќелии.


*затворот ХМП Вандсворт

Тој додал дека посетите се одржуваат два до три пати неделно во голема заедничка просторија, како и дека интимните брачни посети не се дозволени во затворите во Лондон. 

Затворот „ХМП Вандсворт“ е опишан како „нехуман“, а неговите најголеми проблеми наводно се пренатрупаноста и недостигот од персонал. За лошите услови во затворот неодамна проговорил поранешен затвореник, кој изјавил дека Бренд ќе биде „жив мртовец“ сè додека престојува во оваа установа.


„Тој е во големи проблеми сè додека не биде трајно префрлен во друг затвор. Тој затвор е насилно, корумпирано, валкано и бучно место. Бренд таму ќе биде мета. Ако сака да остане безбеден, мора брзо да реагира“, изјавил поранешниот затвореник за „Сан“.

Неколку месеци пред изрекувањето на пресудата, Бренд ги споделил своите стравови од затворот.


На својата сопруга Лора Галагер, со која се венчал во 2017 година и со која има три деца, ѝ рекол: „Не ми се допаѓаат ситуации во кои постои можност да завршиш во затвор.“

Таа му одговорила: „Ќе го пребродиш тоа. Божјото присуство е насекаде, па и во затворот“.