Вака изгледа денес најмладиот син на Тито: Одамна зачекори во деветтата деценија, но шеретски им пркоси на годините – ќерката сподели семејна фотографија

Точка

11/11/2026

12:23

3.231

Големина на фонт

а а а

Театарската режисерка Саша Броз, внука на поранешниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, го привлече вниманието на социјалните мрежи објавувајќи фотографии со својот татко Александар Миша Броз.

Иако зачекори во 86-тата година од животот, Миша Броз не ја губи ведрината и препознатливата смисла за хумор. Тоа во својата објава го потврди и неговата ќерка Саша, која истовремено ја разјасни дилемата кај следбениците што помислиле дека нејзиниот татко го слави роденденот.


Покрај фотографиите на кои двајцата позираат насмеани, режисерката напиша:

„86 години мудрост, но тато и понатаму сака да прави гримаси. П. С. Не му е роденден, само констатирам дека годините не се услов за сериозност. Сепак, ви благодарам на сите за убавите желби“, напиша Саша во описот на објавата.


Од нафтена индустрија до дипломатија

Александар Миша Броз е син на Јосип Броз Тито и Херта Хас. Во текот на осумдесеттите и деведесеттите години извршувал високи функции во нафтената компанија INA, а потоа ја продолжил кариерата во дипломатската служба.


Во дипломатијата влегол по препорака на тогашниот претседател на Хрватска, Фрањо Туѓман, најпрво како советник на министерот за надворешни работи. Потоа работел во хрватските дипломатски претставништва во Русија и Египет, а дипломатската кариера ја завршил на функцијата амбасадор во Индонезија.

Миша со децении е во хармоничен брак со сопругата Мира, со која има две деца – ќерката Саша и синот Андреј.