Изложби и концерти во Отворено графичко студио во Музеј на Град Скопје

Макфакс

19/06/2026

10:30

204

Големина на фонт

а а а

Настанот во Отворено графичко студио во Музејот на Град Скопје на 19 јуни ќе ги комбинира визуелната уметност, независното издаваштво и музиката со презентација на изложба, промоција на фанзин и концерти на познати музичари.

На 19 јуни (петок) со почеток во 20:00 часот, во Отворено графичко студио ќе се одржи настан што ги обединува визуелната уметност, независното издаваштво и музиката.

Публиката ќе има можност да ја посети изложбата „Морфологија на градот“ на Јелена Белиќ, која преку графики ги истражува урбаните структури и трансформации на Скопје. За изложбата пишува Максим Наумовски.

Во рамки на програмата ќе биде промовиран и фанзинот „Нештата што исчезнуваат“, заеднички проект на Скопје Колаж Колектив и Партизанска штампа, посветен на исчезнатите простори, објекти и спомени од колективната меморија на градот.

Музичкиот дел го сочинуваат настапите на Тодор Караколев, кој по двегодишна пауза се враќа со свој соло концерт, и YVA & The Toy George, проект на српската музичарка која живее во Рим, Ива Станишиќ, чија музика спојува електронски, хип-хоп и балкански влијанија во енергично и жанровски неконвенционално сценско искуство.

Настанот е во продукција на Партизанска штампа, со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам и Општина Центар.