Унгарскиот премиер Петер Маѓар потенцира дека забрзаното пристапување на Украина во Европската Унија не би било праведно кон земјите од Западен Балкан, нагласувајќи дека проширувањето треба да се базира на исполнување на критериуми, а не на политички мотиви.
Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека забрзаното членство на Украина во Европската Унија би било неправедно кон земјите од Западен Балкан, кои со години се во пристапниот процес.
Тој пред почетокот на состанокот на Европски совет во Брисел нагласи дека проширувањето треба да се заснова на резултати и исполнети критериуми, а не на политички одлуки.
Според Маѓар, не треба да се забрзува пристапувањето на одделни кандидати на сметка на државите од Западен Балкан, бидејќи тоа не би било ниту праведно ниту прагматично.
Тој оцени дека е малку веројатно сите земји членки да имаат ист став по ова прашање, но порача дека Унгарија ќе ги застапува сопствените интереси во преговорите за идното проширување на ЕУ.







