Две малолетнички нападнати во Карпош, полицијата го расчистува случајот

Макфакс

19/06/2026

14:10

295

Големина на фонт

а а а

Две малолетнички во Карпош биле физички нападнати, а полицијата веќе презема мерки за расчистување на случајот.

Шеесетгодишна скопјанка пријавила во СВР Скопје дека нејзината 17-годишна ќерка и нејзина другарка биле физички нападнати на подрачјето на Карпош.

Според пријавата, инцидентот се случил на 15 јуни околу 23:20 часот, а за нападот се посочени И.С. и уште едно малолетно женско лице.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.