Четворица израелски војници загинаа по напад врз тенк во јужен Либан

Макфакс

19/06/2026

11:50

245

Големина на фонт

а а а

Израелската армија објави дека четворица војници загинале во напад врз нивен тенк во јужен Либан. Меѓу жртвите е и командантот на оклопната бригада, додека деталите за нападот сè уште се истражуваат.

Израелската армија соопшти дека четворица нејзини војници загинале во борбите во јужен Либан, откако засега неидентификуван објект погодил тенк во близина на селото Тебнит.

Меѓу загинатите е и потполковникот Дор Гедалија Бен Симхон (32), командант на 52. баталјон на 401. оклопна бригада. Околностите под кои бил погоден тенкот сè уште се истражуваат.

Од израелската војска соопштија дека семејствата на загинатите се известени, додека имињата на останатите тројца војници засега не се објавени. Бен Симхон бил татко на две деца и потекнувал од семејство со долга воена традиција.