[ФОТО] Скандал во Бразил: Претседателот на фудбалскиот сојуз на Мундијалот ги повел и љубовницата и сопругата - на сметка на државата

Точка

16/06/2026

16:48

481

Големина на фонт

а а а

По скандалот со повредата на Нејмар, која бразилската суперѕвезда ја „донесе“ на подготовките за Светското првенство, Бразил го тресе нов скандал за време на Мундијалот, а во центарот на вниманието е претседателот на фудбалскиот сојуз на оваа земја.

Самир Ксауд предизвика вистински хаос откако беше откриено дека со пари од сојузот, на чие чело се наоѓа, ги платил патувањата и сместувањето на Светското првенство за својата сопруга, но и за својата љубовница!

Според истрагата што ја објави познатиот новинар Лео Дијас, Ксауд најпрво престојувал во Њујорк со извесната Камила Кристина Андраде, фитнес претприемачка од неговата родна сојузна држава Рораима.


Двајцата биле видени во елитниот ресторан „Harry Cipriani“ на Менхетен, а таа од 2 до 10 јуни престојувала во луксузниот хотел „Hyatt Regency Grand Central“.

Неверојатната сметка од 10.500 долари била платена со пари од Фудбалскиот сојуз на Бразил, а резервацијата во хотелот била директно поврзана со претседателот Ксауд.

Самир ја испратил љубовницата од Њујорк на 10 јуни, а потоа отпатувал во Мексико Сити, каде што го чекала сопругата Наталија, со која е во брак повеќе од 20 години, и заедно присуствувале на церемонијата на отворање на првенството.

Истрагата на порталот „LeoDias“ укажува дека ова не е изолиран инцидент. Во декември минатата година, познатата инфлуенсерка и фармацевтка Тамирес Фернандес Барселос отпатувала во Доха на финалето на Светското клупско првенство.


Летала во бизнис-класа на компанијата „Emirates“, а престојувала во престижниот хотел „The Ritz-Carlton“. Иако собата била резервирана на нејзино име, сметката од околу 3.500 долари била испратена директно до Фудбалскиот сојуз на Бразил.

Поради најновата афера од Америка, се огласи и Фудбалскиот сојуз на Бразил, но со многу кусо соопштение за јавноста.

„Трошоците за организацијата се исклучиво поврзани со институционални активности, додека личните трошоци директорите ги сносат самите“, порачаа од Сојузот.