Реал реши уште едно дефанзивно прашање во раната фаза од летниот преоден рок

Дерби

16/06/2026

14:53

343

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид многу рано го активираше летниот преоден рок и веќе осигура засилувања во одбраната како Конате, Дамфрис и Кукурелја, но ова попладне пристигна важна вест за играч кој беше стандареден во првиот тим на „кралевите“.

Иако во еден дел од минатата сезона се споменуваше и заминување, Антонио Ридигер ќе ја почне својата петта сезона во Реал Мадрид под водство на Жозе Мурињо, откако клубот реши да му го продолжи договорот.

Германскиот репрезентативец беше во ситуација да преговара како слободен агент со оглед на тоа што договорот му истекуваше на крајот на овој месец, но со оглед на тоа што имаше отпочнато преговори со Реал Мадрид, Ридигер не стапи во контакт со ниту еден друг клуб.

Реал Мадрид ја извести јавноста дека е продолжен договорот на Ридигер до јуни 2027-ма година, што значи дека Германецот ќе биде еден од играчите на кои Мурињо ќе може да смета на стартот на својата втора авантура во Реал.

Покрај Ридигер, за стоперските позиции ќе конкурираат и Хаусен и Конате, истото важи и за Милитао кога ќе се врати од повреда, но и за Асенсио кој искажа желба да остане во клубот и да соработува со Мурињо.