Луда сцена од Лондон: Фан со дрес на ПСЖ го изведе потегот на мечот со неверојатен рефлекс на трибините

Дерби

16/06/2026

14:20

494

Големина на фонт

а а а

Квинс турнирот е добра подготовка за Вимблдон за голем број тенисери од елитата, а вчерашниот меч меѓу Мпетши-Перикар и Муте донесе доволно добри атракции поради интересниот стил на двајцата тенисери.

Агресивниот тенис секогаш доаѓа до израз на тревна подлога, па иако видовме доста добри потези пред мечот да биде прекинат во третиот сет поради недоволна светлина, една реакција од трибините се најде во прв план.

Мпетши-Перикар е познат по својот разорен сервис и силниот форхенд со кој ги „пробива“ ривалите, но вчера еден таков негов перформанси заврши со потег на мечот од фан на трибините.

Младо момче со дрес на ПСЖ успеа да го „улови“ топчето кое одеше со неверојатна брзина, па со импресивната реакција како „бејзбол кечер“ ги собра аплаузите од трибините.

Инаку, мечот меѓу двајцата тенисери беше прекина во третиот сет при резултат 2:1 за Муте, а се очекува Французите да го доиграат истиот во текот на денот.