„National Geographic“ ја избра најдобрата фотографија од патување за 2026 година: Никогаш нема да погодите што има на неа

Точка

04/06/2026

18:46

561

Големина на фонт

а а а

Секоја година, „National Geographic“ ги избира најдобрите патнички фотографии од целиот свет – од дива природа и животни до возбудлив градски живот и портрети.

„Оваа година добивме многу зачудувачки пријави. Особено уживав во оценувањето на категориите пејзажи и дива природа“, изјавила една од судиите, Ајша Назар, помошник-уредник на фотографија во „National Geographic Traveller“. „Бројот на пријави се зголемуваше низ годините, што само покажува дека имаме растечка заедница на патници со изострено чувство за авантура, што е прикажано преку нивната извонредна фотографија“, пренесува „Daily Mail“.

Главната награда, во конкуренција од повеќе од 3.500 пријави, ја доби Едвард Хаслер, кој го освои првото место во категоријата фотографија од воздух со својата зачудувачка фотографија на песочни дини во Намибија.


Хаслер ја забележал глетката на дините во Сосусвлеј, пустината Намиб, откако обилните дождови предизвикале реките да се излеат низ песокот.

„Протокот на вода ги создаде овие шари во песокот кои изгледаа како гранки од дрво кога се гледаат одозгора“, рекол тој.

Во категоријата „Храна“, награден е Заим Џафри, кој фотографирал популарна тезга на пазарот Намдемуни во Сеул, токму во моментот кога биле изнесени свежо сварени кнедли.


„Кога стигнав до почетокот на редот, ја подигнав камерата над луѓето пред мене за да го забележам точниот момент кога послужавникот пристигна, без да бидам наметлив, додека пареата сè уште се креваше, а гладната толпа се приближуваше“, објаснил Џафри.

Наградата за најдобар пејзаж ја доби Џејмс Кембел – за фотографија од ледена пештера во Катла, Исланд, каде што се гледаат сини глечерски ѕидови преку темни слоеви вулканска пепел, сè до поток и зеленило во далечината.


„Ледените пештери никогаш навистина не се фиксни – тие се топат и го менуваат обликот со текот на времето. Тоа ја прави оваа фотографија особено значајна за мене, бидејќи прикажува сцена која веројатно никогаш повеќе нема да постои во целосно ист облик“, истакнал тој.

Феликс Белоан ја направил најдобрата фотографија во категоријата „Диви животни“ – заспан поларен мечок на Свалбард, во Норвешка.


„Се потрудив да останам доволно високо и да користам телеобјектив за да не му го прекинам сонот“, рекол Белоан. „Го фатив моментот и се повлеков, оставајќи зад себе среќно заспан мечок.“

За „Ѕвезда во подем“ е прогласена Вајшу Гомти Алварапан, која го снимила постар продавач зад храмот Капалешварар во Ченај, во Индија.


„Ме привлече неговиот мир над весниците; момент на тишина пред да започне утринската гужва“, изјавила.

Во Индија е направена и победничката фотографија во категоријата „Урбан живот“Сомдут Прасад снимил минувач пред живописниот мурал на Сајан Макерџи во Калкута.


„Постои случајна поклопеност на пешакот и субјектот на муралот, и двајцата зафатени со своите паметни телефони“, рекол Прасад. „Мојата цел беше да го доловам еволутивниот ритам на Калкута“.

Во категоријата „Портфолио“ награден е Бен Пајп за серија фотографии „Чаграс“, каубои и каубојки, во Националниот парк Котопакси во Еквадор.


„Најголем предизвик беше времето, но на крај темното, облачно небо придонесе за атмосферата и ѝ одговараше подобро отколку ведро сино небо“, прокоментирал Пајп.

На крајот, во категоријата „Луѓе“ победа однесе Нуретин Бојдак, која фотографирала илјадници жени собрани на молитва за Бајрам во Хари, во Етиопија.


Облечени се во живописни бои, „трансформирајќи ја толпата во жив мозаик“.

„Сликата покажува како верата се протега подалеку од личен чин, обликувајќи го просторот во колективно човечко искуство“, рекол Бојдак. „Мојата намера беше да го доловам моментот во кој културата, верувањето и заедницата се спојуваат во единствен израз“.