[ВИДЕО] Испад во Белата куќа: Трамп јавно го исмеа шефот на НАСА поради големината на неговите уши

Точка

30/04/2026

14:47

660

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп ја искористи средбата со астронаутите од мисијата „Артемис II“ за да го исмее шефот на НАСА во Овалната соба. Пред просторија полна со новинари, 79-годишниот претседател се фокусирал на физичкиот изглед на 43-годишниот милијардер Џаред Исакман, коментирајќи ја големината на неговите уши.

Наместо да се фокусира на историскиот успех астронаутите, Трамп ја претворил прес-конференцијата во свое препознатливо шоу. Пред насобраните се пофалил со сопствената физичка подготвеност, сугерирајќи дека лесно може самиот да лета во вселената, додека се шегувал на сметка на неговиот доверлив човек.

„Имаш одличен слух“

Ситуацијата во Овалната соба станала непријатна кога една новинарка го прашала претседателот дали размислува да го премести седиштето на НАСА од Вашингтон. Откако Трамп побарал да го повтори прашањето, тој ја префрлил одговорноста на неодамна назначениот директор на агенцијата, Џаред Исакман.

„Па, најдобрата личност која може да ви одговори е човекот што стои токму тука“, рекол Трамп, гледајќи кон милијардерот.

Веднаш потоа продолжил со коментар на сметка на неговиот изглед: „Дали го слушна тоа прашање со тие твои прекрасни уши? Тој има одличен слух, знаете. Тој има супер слух“.

Исакман, кој е астронаут и кој патувал во вселената во рамки на мисијата „Polaris Dawn“ на СпејсИкс, кратко одговорил: „Трик на занаетот, господине“.


„Физички сум многу, многу добар“

Патот на Исакман до раководството на НАСА бил турбулентен. Минатата година Трамп ја повлече својата прва номинација поради донации за истакнати демократи и врски со Илон Маск, со кого Трамп тогаш беше во лоши односи, пред конечно да го потврди како 15-ти директор на агенцијата во декември.


Откако се пошегувал на сметка на својот помошник, 79-годишниот претседател го искористил присуството на астронаутите Виктор Гловер, Рид Вајсман, Кристин Кох и Џереми Хансен за јавно да го пофали сопственото тело и здравје.

„За да влезете таму, мора да бидете многу паметни. Физички, мора да бидете способни да правите многу добри работи“, рекол Трамп, коментирајќи ги ригорозните услови за астронаутите. „Така што, јас не би имал никакви проблеми со тоа. Физички, сум многу, многу добар“.


Меѓутоа претседателот не застанал тука, туку повторно му се обратил на Исакман со малку неочекуван предлог: „Можеби тука постои мал проблем, не знам, Џаред. Ќе мора еднаш да го пробаме тоа. Дали на претседателот му е дозволено да оди на една од овие мисии?“.

„Можеме да почнеме да работиме на тоа, господине претседателе“, одговорил видливо изненадениот шеф на НАСА.