[ВИДЕО/ФОТО] „Од денес официјално моја“: Пејачот Мартинијан Кириловски клекна среде Рим и ја запроси својата партнерка Лара

Точка

30/04/2026

15:30

680

Големина на фонт

а а а

Македонскиот пејач Мартинијан Кириловски ја круниса долгогодишната љубов со својата партнерка Лара, запросувајќи ја во романтичната италијанска престолнина Рим.

Рим, познат како „Вечниот град“, бил совршената сценографија за овој посебен момент. За време на нивното патување, Кириловски ја избрал терасата на ексклузивен ресторан со директен поглед кон Колосеумот, каде во интимна и емотивна атмосфера клекнал на колено и ѝ подал свршенички прстен. Изненадена, но очигледно пресреќна, Лара без двоумење прифатила, по што следувал аплауз од присутните гости.


Двојката овој значаен момент го сподели и на социјалните мрежи, објавувајќи видео од самото запросување, како и фотографии од прошетката низ Вила Боргезе. На нив се гледа како уживаат во романтична атмосфера, пловејќи со чамец по езерцето, додека Лара гордо го покажува прстенот. „Од денес официјално моја“, напиша Кириловски во описот.


Мартинијан важи за еден од најталентираните вокали на новата генерација во Македонија и регионот. Неговата кариера започна со учество на неколку домашни музички фестивали, а пошироката јавност го запозна преку регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде беше миленик на жирито, особено на неговата менторка Јелена Карлеуша. Тој е редовен учесник и на „Макфест“, како и на други музички фестивали.

Иако ретко ја експонира својата приватност, овојпат пејачот пријатно ги изненади своите следбеници, кои во голем број му упатија честитки за убавата вест.