[ВИДЕО] Селма Хаек се кае поради овој филм: „Се чувствував разголено и засрамено во оваа улога“

Точка

30/04/2026

14:30

800

Големина на фонт

а а а

Селма Хаек изјавила дека искуството од снимањето на филмот „Wild Wild West“, било непријатно и понижувачки иако проектот бил еден од најскапите во историјата на Холивуд.

Откако станала позната во Америка после неколку ликови на фатални жени, Селма Хаек одбила да ја сместуваат во одреден тип улоги, да ја дефинираат или да ја стават во „калап“ поради тоа.

Благодарение на големата хемија со Антонио Бандерас во филмот „Desperado“ и впечатливиот танц во филмот „From Dusk Till Dawn“, Хаек стана една од најпосакуваните секс-симболи во Холивуд, што воопшто не ѝ годело.

Очекувано, имала многу понуди да игра улоги на фатална жена, но сакала да докаже дека е сестрана и талентирана актерка.

Затоа се обидела и во други жанрови како романтични комедии „Fools Rush In“, хоророт „The Faculty“ и комедијата „Dogma“.

Меѓутоа, можноста да ја толкува женската главна улога во еден од најскапите филмови во историјата на Холивуд, со најголемата ѕвезда на тоа време, била шанса која малку од актерите ја добиле, особено оние кои сѐ уште целосно не ја изградиле кариерата.

„Се чувствував засрамено“

Филмот лошо поминал и освоил четири Златни малини, вклучувајќи ја и наградата за „најлош филм“. Вил Смит знае дека тоа е една од неговите најголеми грешки, а истото мислење го дели и таа.

„Кога првпат ја погледнав улогата, не ми беше интересна. Но, тоа беше огромен филм со добри актери и мојот агент одговори: Ова е толку добро, ќе биде огромен хит“.

По големина на продукцијата – бил. По успех – никако.


Како Рита Ескобар, Хаек немала многу што да прави освен да биде „девојка во неволја“, потенцијална романтична препрека меѓу ликовите на Вил Смит и Кевин Клајн и дека се појавува во оскудни костими кои очигледно ја објективизирале.

Не била целосно гола во филмот, но како што вели, се чувствувала како да била.

„Го работев тој филм, и иако никогаш не сум била гола во тој филм, се чувствував многу разголено и засрамено во тој костум“, изјавила таа.

„Морав да се туркам да излезам од приколка секој ден. Не можам да опишам колку та беше понижувачки, дури повеќе отколку навистина да бидам целосно гола во кревет со друга жена“.