Кога неодамна го прашаа што не би му недостигало кај неговиот лик Томас Шелби: алкохол, цигари или фризура, Килијан Мерфи одговори: „Фризура“.
Серијата „Peaky Blinders“ заврши по шест сезони, но сега филмот „Peaky Blinders: The Immortal Man“ е достапен на „Netflix“, кој сите фанови со нетрпение го очекуваа.
Иако постојат многу фактори кои влијаеле целата серија да стане планетарен феномен и обожавана, преку режијата, фотографијата и целата екипа, столбот на целата серија е Томас Шелби, чиј лик го игра маестралниот Килијан Мерфи.

Како што серијата стануваше популарна во светот, така се менуваше и фризурата што ја носеше Томас Шелби во серијата, а фризерите велат дека тоа е најпопуларната фризура во Обединетото Кралство во последната деценија.
Лондонскиот фризер Ти Џеј Хант за „GQ“ изјавил:
„Имаше период кога ја правев оваа фризура веројатно двапати на ден - десет пати неделно“.
И додека сите сакаат да „бидат Томас Шелби“ или барем да го копираат неговиот стил и фризура, актерот Килијан Мерфи не е баш воодушевен.
Кога еднаш го прашале што не би му недостигало кај својот лик и што го возбудувало што повеќе нема да мора да работи: цигари, лажен алкохол или неговата фризура, Килијан веднаш одговорил „фризурата“.

Фризурата се одликува со избричени страни и прав тил, додека косата на врвот е оставена подолга и исчешлана е наназад.
Во суштина, тоа е фризура од воено време дизајнирана да биде целосно покриена со воен шлем. Иако е прилично екстремен стил, серијата ја направи најбараната фризура на своето време.
„Бев вознемирен поради фризурата, но со договор бев обврзан да ја имам“, изјавил еднаш актерот.

Актерот претходно изјавил дека не му се допаѓа фризурата и дека „е одвратна“, а во емисијата „Шоуто на Греам Нортон“ објасни дека таквата фризура всушност се користела за спречување на инфекција со вошки и дека овој стил го намалува ризикот од инфекција за 60 проценти.
„Лудо е што луѓето ја сакаат, дури и по четири години не ми стана драга“, изјавил тој уште во 2017 година, тврдејќи дека не ја разбира нејзината популарност и прашал дали луѓето сфаќаат дека тоа е „фризура против вошки“.










