[ВИДЕО] Бакнеж што никој не го очекуваше: Young Dadi и Тино Костадиновски ја кренаа интернет сцената

Точка

26/03/2026

11:15

978

Големина на фонт

а а а

„Лидија“ на Young Dadi не доаѓа тивко, туку со цела приказна. Спот што на прва изгледа едноставно, а докрај те остава да се прашуваш што точно се случува.

Целата приказна е затворена во лифт, ама атмосферата е сè освен затворена. Young Dadi влегува, излегува, чека, бара. Лидија е тука некаде - или барем така изгледа. Вратите се отвораат, се менуваат лица, ситуации, енергии...

Низ тие неколку минути поминуваат Сергеј Варошлија, Марија Јанчевска, Ема Камчевска, Филип Додевски, Александра Белчева, Сандра Камилоска, Александар Андевски, Андреј Костоски, Јаков Ристовски, Мартин Христов, Стефан Јевтиќ, Јордан Јосифов, Георги Георгиевски, Јована Ѓорѓиеска и Моника Бајлозова - како да секој носи дел од сложувалката, ама никој не ја составува докрај.

А Young Dadi? Со витлери во косата, шарен стајлинг и став како да не му е гајле дали ќе го разберат, свесно си игра со вниманието.

И токму кога мислиш дека целата потрага ќе заврши со класичен расплет, спотот прави потег што е главна тема на социјалните мрежи. Ја нема Лидија. Наместо неа – Young Dadi се приближува до актерот Тино Костадиновски и - го бакнува…?


Тука веќе не станува збор само за песна, туку за порака што не сака да биде објаснета докрај. Дали Лидија е изговор? Дали целото барање водело кон нешто сосема друго? Или ова е чисто играње со реакцијата на публиката?

Зад „Лидија“ стои сериозна екипа. Музиката и текстот се на Young Dadi, додека битот, аранжманот и миксот ги работи Andrejnik, со ко-продукција на Димитар Николов. Видеото го режира Илија Димкоски, кој стои и зад продукцијата и стајлингот, а визуелниот дел го води Борис Ралев.

Едно е сигурно - „Лидија“ не се гледа еднаш. Туку, се гледа, па се враќа, па се прашуваш дали болдираниот момент на крај е случаен… или баш тоа било целта уште од почеток.