Американската актерка не жали што нема деца: „Постојат многу луѓе кои се ужасни родители“

Точка

27/03/2026

19:20

330

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Хедер Греам ја образложила својата одлука да не раѓа деца и го пофалила тоа што луѓето денес за разлика од минатото помалку навлегуваат во туѓата приватност кога станува збор за потомството.

„Мислам дека тоа сега е поприфатено. Мислам дека во минатото луѓето реагираа во стилот: ’Зошто не го сакаш тоа?‘, но сметам дека сега многу помалку луѓе реагираат така отколку порано“, навела за време на гостувањето во поткастот „The Bossticks“.


Таа смета дека е прекрасно ако имате таква љубов во срцето и сакате да им ја дадете на децата, но дека не треба сите да се чувствуваат обврзани на тоа.


„Очигледно е дека има многу луѓе кои се ужасни родители. Подобро е да не го правите тоа ако мислите дека не можете. Имав терапевт кој ми рече: ’Ако немаш деца, тогаш животот ќе ти донесе други луѓе за кои ќе се грижиш‘. Значи, постојат и други нешта што доаѓаат во животот и за кои можеш да се грижиш“, раскажала таа.


Таа исто така рекла дека идејата дека жените треба да основаат семејства е малку сексистичка.


„Не мислам дека луѓето велат: ’Па ти си маж. Зошто немаш деца? Што не е во ред со тебе?‘ Тоа не е истата осуда како кон жена“, рекла таа, додавајќи дека мисли оти е кул што сè повеќе жени се откажуваат од традиционалното планирање семејство.