Турција, Грција, Египет и Катар ова лето „паѓаат во заборав“? Туристите сè почесто ја избираат оваа дестинација

Точка

23/03/2026

21:17

1.413

Големина на фонт

а а а

Поради конфликтот на Блискиот Исток, бројни патници ги откажуваат патувањата во Турција, Грција, Египет и Кипар и наместо нив ја избираат шпанската регија Коста дел Сол, која ја доживуваат како безбедна дестинација со многу сонце.

Коста дел Сол, со градови како Малага и Марбеља, се наметнува како привлечна опција. Регијата е лесно достапна, со голем број поволни и директни летови до Малага. Подрачјето на Коста дел Сол одамна привлекува бројни посетители, а особено оние од Велика Британија, благодарение на климата, пејзажите и културата.


Оние кои бараат високи температури нема да останат разочарани: во август тие достигнуваат до 32 степени Целзиусови, со дури 11 часа сончева светлина дневно. Иако Марбеља е најпознатиот дел од брегот, блиската Естепона нуди помирно искуство. Некогаш мало рибарско место, денес има низа софистицирани барови и модерни ресторани, а го задржала и традиционалниот андалузиски дух, пишува Дејли мејл.


Цените им се привлечни на туристите, па така, на пример, кригла локално пиво чини околу 2,20 евра. Истовремено, многу Британци се откажуваат од одмор на Кипар и во Турција, иако тие земји не се наоѓаат на листата на забранети дестинации за патување на британското Министерство за надворешни работи.


Загриженоста во врска со патувањата во Турција порасна откако беше објавено дека на нејзина територија била пресретната иранска балистичка ракета со помош на противвоздушната одбрана на НАТО. Сепак, препораките на Министерството за надворешни работи на Велика Британија и натаму наведуваат дека поголемиот дел од Турција се смета за безбеден за патување, со исклучок на подрачјата покрај сириската граница на истокот од земјата.

Кога станува збор за Кипар, нема препораки патувањата да се избегнуваат, но од министерството предупредуваат дека регионалната ескалација носи големи безбедносни ризици.