Видеото кое се појави на социјалните мрежи, а на кое се гледа како возило се движи по патеката во паркот „Жена борец“ во Скопје, ѝ послужи на полицијата во потрагата по сторителот.
На 19.03.2026 во полициска станица, полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје извршија службен разговор со Л.Т. од Скопје, која на 16.03.2026 во 14.39 часот со патничко возило „ауди“ со скопски регистарски таблички се движела по пешачка патека во паркот „Жена- Борец“ во Скопје, а снимка од настанот беше објавена и на социјална мрежа.
Против Л.Т. се поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.













