Силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија

Макфакс

20/03/2026

11:33

5.545

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди западна Грција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри и на растојание од 157 километри од градот Лариса.

Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Според очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил почувствуван силно, но не траел долго.

Исто така, очевидци наведуваат дека земјотресот бил почувствуван во Охрид и Тирана, пренесува Танјуг.