Утрово во 03:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Е.Д.(23) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.03.2026 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 20-годишна сопруга, соопшти полицијата.
Полициски службеници од СВР Скопје утрово во 00:10 часот, го лишија од слобода М.А.(23) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во смејениот дом на подрачјето Бит Пазар физички ја нападнал неговата 51-годишна мајка и ѝ нанел тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Вчера во 17:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.П.(38) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 53-годишна вонбрачна партнерка.
Во СВР Скопје вчера во 17:30 часот, 27-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот спруг Т.П. физички ги напаѓал нивните две малолетници деца.
Истиот ден во 14:30 часот во СВР Скопје, 23-годишна жена од Скопје пријавила дека незјиниот сопруг Б.Ф. во домот повеќе пати физички ја напаѓал и психички ја малтретирал.
65-годишна жена од Скопје синоќа во 23:15 часот во СВР Скопје, пријавила дека последната недела нејзиниот син И.И. често ја вознемирувал, тропал на вратата од нејзиниот дом и ѝ се заканувал.
Вчера во 18:25 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот сопруг А.Б., со кого е во бракоразводна постапка, често ја вознемирувал, ѝ се заканувал и преку нивниот син се обидувал да дознае каде е сместена и каде се движи.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.







