Оскаровката Кејт Винслет ќе ја игра главната женска улога во новиот филм од франшизата „Lord of the Rings“

Точка

12/03/2026

08:34

391

Големина на фонт

а а а

Славната актерка Кејт Винслет ќе му се придружи на Енди Серкис во новиот филм од „Lord of the Rings“. Иако деталите за нејзината улога сè уште не се откриени, „Deadline“ наведува дека станува збор за главната женска улога.

Овој ангажман следува откако Серкис и Питер Џексон работеа на тоа да ја убедат Винслет да се приклучи на проектот. Поради снимањето актерката се сели во Нов Зеланд, каде што од крајот на мај до октомври ќе ги снима своите сцени.

Во филмот ќе се појават и познати имиња од претходните продолженија: Елајџа Вуд како Фродо Багинс, Ијан Мекелен како Гандалф, а Серкис повторно како Голум.


Дејството на новиот филм „Lord of the Rings: The Hunt for Gollum“ ја следи опасната потрага на Арагорн кој се обидува да го пронајде и зароби Голум пред Саурон да открие каде се наоѓа Единствениот прстен. Приказната е сместена помеѓу настаните од „The Hobbit“ и „The Fellowship of the Ring“.

Снимањето би требало да започне во мај, а Серкис покрај глумата ќе биде и режисер на филмот кој би требало да пристигне во кината во декември 2027 година.


Винслет неодамна откри и дека постои голема можност да се врати во втората сезона од серијата „Mare of Easttown“. Според нејзините зборови, разговорите за продолжението веќе се водени со сценаристот Бред Ингелсби и режисерот Крег Зобел, а снимањето би можело да започне во 2027 година во американската сојузна држава Пенсилванија.