Водителката гола со стомакот до заби! Шокираше на роденденот на ќерката, па бремена се појави во провокативна долна облека!

Точка

11/03/2026

18:06

1.394

Големина на фонт

а а а

Сега повторно го запали „Instagram“ кога објави разголени фотографии на кои се гледа дека е бремена.

Атрактивната италијанска спортска новинарка Дилета Леота повторно го запали „Instagram“ со нови разголени фотографии на својот профил.


Дилета Леота веќе долго време важи за најубавата новинарка во светот, а бројните фотографии тоа и го потврдуваат.


Тесен фустан, градите во прв план

Атрактивната Италијанка и ѕвезда на каналот „DAZN“, која е позната по својот препознатлив стил и енергично водење спортски програми, објави фотографии кои за кратко време предизвикаа бројни реакции и коментари од нејзините следбеници. Во долг, тесен црн фустан кој го откри нејзиното бујно деколте, Леота се појави на еден медиумски настан и го украде вниманието на сите присутни.

Како и обично, Леота успеа да спои елеганција и лежерност, потврдувајќи зошто е една од најследените и највлијателни личности во италијанското спортско новинарство.


Се појави на роденденот на ќерката во проѕирен фустан

Инаку, во септември минатата година таа се појави на прославата на роденденот на својата двегодишна ќерка, на која присуствуваше како мајка и домаќин, во проѕирен фустан кој предизвика бројни реакции. Фотографиите и снимките од настанот брзо ги преплавија социјалните мрежи, а многу корисници изразија чудење што Леота за семејна, детска прослава избрала толку смела комбинација.

Додека едни коментираа дека „стилот нема граници и дека секој има право да се облекува како што сака“, други истакнаа дека станува збор за „непримерен аутфит“ за ваква прилика. „Жено, дали си нормална?“, ѝ напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Леота, која е позната по гламурозните изданија на спортски и јавни настани, овојпат успеа да привлече внимание и надвор од телевизиските студија и фудбалските стадиони. Нејзиниот фустан, иако модно впечатлив, го засени самиот повод на собирот – роденденот на малата славеничка.