[ВИДЕО] Малдиви за нула денари: Србинка открива трик како да престојувате на рајските острови целосно бесплатно

Точка

11/03/2026

19:33

1.014

Големина на фонт

а а а

Српската инфлуенсерка открила како престојувала на Малдивите бесплатно со помош на волонтирање.

Белиот песок, тиркизното море и луксузните бунгалови на вода, за многумина Малдивите е синоним за одмор од соништата, но и дестинација резервирана за оние со подлабок џеб.

Сепак, српската инфлуенсерка и соло патничката Ружа Миливојевиќ покажала дека постои и друг начин.

Ружа моментално поминува четири недели на Малдивите без никакви трошоци за сместување и храна, благодарение на волонтирањето. Нејзината објава на ТикТок за кратко станала вирална и предизвикала бројни реакции – од воодушевување до скептицизам.


Како функционира волонтирањето на Малдивите

Во едно од своите видеа, Ружа објаснила дека до оваа можност дошла над меѓународната платформа „Worldpackers“, да пронајдеш место каде сакаш да волонтираш, да се пријавиш и да дојдеш“, изјавила во видеото на ТикТок.

Концептот е едноставен: неколку часа работа дневно во замена за сместување и оброци. Во нејзиниот случај – дури три оброци дневно.

Работите се разликуваат во зависност од домаќинот. Најчесто станува збор за работа во хостел (рецепција, организација на активност, помош на гостите), но и за ангажмани на фарми, во невладини организации или едукативни проекти.

Дали навистина е сè бесплатно

Како и секоја вирална приказна и оваа предизвикала поделени мислења.

На коментарот на еден корисник дека „ништо на светот не е бесплатно“, Ружа одговорила искрено – престојувањето го плаќа со своето време и работа. Нагласува дека овој концепт не е за секого.


Една тиктокерка коментирала:

„Но, затоа работиш по цел ден... Бев, видов и си заминав. Најубаво е кога ќе платиш и ќе уживаш“.

На обвиненијата дека работи од утро до мрак, Ружа одговорила:

„Буквално уживам по цел ден... Наутро малку екскурзија, навечер малку во ресторан“.

На што да обрнете внимание пред да одите таму

Искуствата на платформите како „Worldpackers“ може значајно да варираат. Конечната одлука секогаш ја носи домаќинот, а понудите се пребаруваат според локацијата, должината на престојот и видот на ангажман.

Искусните патници советуваат внимателно да ја читаат рецензијата од претходните волонтери затоа што квалитетот на сместување, безбедноста и обемот на работа можат значајно да се разликуваат.


Дали ова е вистинскиот начин да го обиколите светот?

За оние кои сакаат да заштедат, да ја запознаат локалната култура и не им пречи да работат по неколку часа дневно – волонтирањето може да биде одлична можност.

За оние кои сакаат исклучителен луксуз и целосен одмор без обврски, класичните туристички аранжмани и натаму остануваат посигурен избор.

Едно е сигурно – приказната на Ружа покажува дека патувањето на Малдиви без голем буџет не е невозможна мисија.